„Ние сме заедница“ е мотото на третиот „Слоу Фуд салон“, кој денеска ќе се одржува во Скопје. Поддржувачи се шведската организација „We Effect“ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како што е најавено, ќе има околу 70 изложувачи од цела држава, а ќе бидат застапени традиционални производи: домашен ајвар, лутенка, пинџур, мед, џем, разни видови сирења и кашкавал, сувомеснато чадено на дрва, слатко од смокви, домашни јуфки, производи од тартуфи, домашни сокови, сушено овошје, галички чај….

Посетителите ќе имаат можност да пробуваат вина од мали семејни винарии, дестилерии и занаетчиски ракии.

„Слоу Фуд салон“ ќе се одвива од 12 до 20 часот и во тој временски период ќе има мастер класови и работилници за вкус, конференции посветени на малите производители и на едукација, семинари, катчиња и едукација за деца… Ќе учествуваат готвачи, експерти, волонтери и едукатори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.