Светскиот ден на танцот, посветен на славење на различноста и убавината на танцот ширум светот, во Скопје ќе се одбележи со танц перформанс од над 1000 танчери од повеќе танц студија од Македонија.
Во сабота од 14 часот во трговскиот центар „Ист гејт“ со овој голем перформанс ќе се поддржи богатата историја и културното значење на танцот како уметничка форма која е дел од човековото изразување илјадници години.
Настанот е воедно и најава за Европското првенство во хип-хоп и брејкденс, кој ќе се одржува во СЦ „Борис Трајковски“, како и за Интернационалниот танц фестивал DANCE OFF 2023. И на двата настани, Скопје ќе биде домаќин на танчери од преку 20 земји од Европа.
Во програмата во сабота, покрај танц перформанс, ќе има и диџеј – DJ NASTY, како и работилници по танц со повеќе кореографи од Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.