Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на фејсбук, информира дека е издадено одобрение за изградба на нова училишна сала на ООУ Наум Охридски во Булачани.
Во објавата, градоначалникот Стефковски напиша:
ООУ Наум Охридски во Булачани добива нова училишна спортска сала! Утрово го потпишав Решението со кое се издава одобрение за изградба на нова училишна сала во ООУ Наум Охридски во Булачани. Учениците од Булачани добиваат современи услови за реализација на часовите по физичко и здравствено образование. Се реализира уште едно ветување од изборната програма! Гази Баба се сака со дела! – напиша Стефковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.