Денес градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, присуствуваше и се обрати на РЕДИ Самитот кој се оддржува во Скопје.
Во рамки на самитот градоначалникот Стефковски во името на Oпштина Гази Баба, потпиша меморандум за соработка со кој се обврза на иницијатива за воспоставување систем за примарна селекција на неопасен отпад. За настанот градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
-Се оддржа РЕДИ Самитот во Скопје. Денес имав можност да присуствувам на РЕДИ Самитот кој се оддржува во Скопје. На самитот потпишавме меморандум за соработка со кој се обврзуваме на иницијатива за воспоставување на систем за примарна селекција на неопасен отпад, подигнување на јавната свест за селектирање на отпад во општина Гази Баба. Правото на здрава животна средина е фундаменално граѓанско право. Обезбедувањето на чиста, здрава и добро зачувана животна средина од една страна и поддршката на одржлива економија од друга страна е најголемиот предизвик за општина Гази Баба. Многупати наназад сум кажал, заштитата на животната средина е на врвот на моите приоритети. Еколошки чиста и урбана Гази Баба е сонот на оваа генерација на жители во нашата општина. Сон кој ќе стане реалност. Денес заедно со државните институции, невладиниот сектор, социјалните имоватори, претприемачите, како и претставници од европските и меѓународните институции, разговаравме за селектирање и рециклирање на одпадот и заштита на животната средина. – напиша Стефковски.
На Самитот присуствуваа и градоначалниците на Општина Аеродром, Бутел и Кисела Вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.