Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски со објава на својата официјална страна на фејсбук информираше дека ќе биде покровител на фрлање на светиот крст во базенот во Црквата Св. Георѓи во Сингелиќ.
Во објавата, градоначалникот Стефковски напиша:
Ги поканувам сите граѓани на фрлањето на светиот крст во базенот во Црквата Св. Георѓи во Сингелиќ. Настанот ќе се оддржи на ден 19.01.2023 година (четврток) со почеток во 10:00 часот. Чест ми е да бидам покровител на овој настан кој од оваа година ќе биде традиција за нашата општина! Најсреќниот верник кој прв ќе стигне до крстот ќе биде награден. Наша должност е да ја негуваме традицијата, бидејќи верата и традицијата го оддржувала македонскиот народ низ вековите. – напиша Стефковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.