ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ќе постави специјални контејнери за одлагање на органски отпад во пресрет на Курбан Бајрам. Во скопските општини каде што масовно се празнува верскиот празник Курбан Бајрам, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и годинава ќе постави специјални контејнери во коишто граѓаните ќе можат да го одложат органскиот отпад (остатоците од курбанот).

Од Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“-Скопје апелираат до верниците органскиот отпад да го одлагаат исклучиво во поставените садови, затоа што неговото исфрлање на јавни површини може сериозно да го загрози јавното здравје и да ја загади животната околина.

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје, во текот на вчерашниот и денешниот ден, спроведоа и активности за рачно и машинско миење на дворовите и непосредната околина на поголемите исламски верски објекти на територијата на градот Скопје, соопштија од ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.

Список на локации каде што ќе бидат поставени контејнерите за одлагање органски отпад:

1. Општина Шуто Оризари – автобуска станица на последна 19-ка; кај маркет Харбин; во близина на мостот на патот кон Визбегово; во близина на Хамдипашината џамија; во близина на општината Шуто Оризари.

2. Општина Бутел – во близина на џамијата Фетах Ефенди; во близина на џамијата Бедр – Бутел 1.

3. Општина Гази Баба – стадион ФК Фортуна; стадион Гази Баба.

4. Општина Чаир – поранешна локација на ЈПХКС-Серава; во близина на ресторанот Фа-Фа; во близина на новата џамија во Чаир; во близина на Теќето во Дуќанџик.

5. Општина Сарај – кај старата општина Сарај; кај езерото Треска; кај СИУ Медреса Иса Бег во с.Кондово.

6. Општина Карпош – Населба Долно Нерези.

7. Општина Арачиново – поранешен плац, во центарот на селото-кај Касапот.

8. Општина Студеничани – во центарот на с. Студеничани; во с. Моране; во с. Батинци.

9. Поранешно седиште на Муфтиството-Скопско Кале.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.