Синоќа во 20:49 минути, градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски за утрово во 9:00 закажа вонредна седница на Советот на Општина Карпош со една точка на дневен ред, носење на ДУП за градска четврт З 04, блок 5 Општина Карпош, вели Роберт Вељановски, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Совет на општина Карпош
Ценејќи ја сериозноста на ситуацијата и заканата од милионски суми на штета по евентуалниот судски изгубен спор за Општина Карпош, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Општина Карпош ќе ја поддржи точката од предложениот дневен ред.
Непријатноста во која што сме доведени за толку важно прашање да одлучуваме на вонредна седница веројатно е настаната поради неодговорното владеење на претходниот градоначалник од редовите на СДСМ. Од за нас неразбирливи причини, актуелниот градоначалник ова не го посочува.
Затоа советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бара од соодветните органи и институции да покренат истрага во која ќе утврдат одговорност на сите инволвирани во овој случај“, додава тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.