Сојузот на синдикатите на Македонија на својата фејсбук страница објави дека најостро ги осудува заканите кон вработените во Комунална хигиена Скопје по објавеното видео во медиумите каде, како што се наведува, „што се слуша како директорката на Комунална хигиена упатува закани и навреди кон вработените“.
Истовремено, како што стои, ССМ најостро го осудува потегот на раководството да избрка од работа поголема група на вработени, како и да го избрка од работа претседателот на Синдикатот на Комунална хигиена при СУТКОЗ, Дели Дардишта, кој има над 30 години работно искуство и тоа исклучиво поради синдикалната борба која ја води за работниците.
-Укажуваме дека на претседател на синдикат не може и не смее да му се откажува договор за вработување и дека ССМ ќе ги искористи сите расположливи механизми за заштита на претседателот Дели Дардишта од нечовечкиот однос на раководството во ЈП Комунална хигиена, се наведува во објавата. .
ССМ целосно ги поддржува вработените во Комунална хигиена во Скопје кои веќе неколку денови изразуваат револт кон раководството бидејќи, отпуштени биле десетици вработени, но и поради тоа што не им се исполнуваат барањата за зголемување на платите, К-15 и бенефициран стаж.
Работниците, како што се посочува во објавата на ССМ на Фејсбук, им се извинуваат на граѓаните поради тоа што не се собира сметот и ги инфирмираат дека револтот е против раководството на ЈП Комунална хигиена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.