Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на денешниот брифинг со новинарите информираше дека Универзална сала се уште е под Град Скопје, затоа што немаат потпишано договор за примопредавање ниту на ингеренциите за реконструкција, ниту на проектната документација. Таа рече дека следната година во март треба да дојдат експерти од Европска комисија за да видат до каде е реконструкцијата на Универзална сала, која како институција е носител на проектот Европска престолнина на културата за 2028

Ден денес немам добиено никаков договор за потпишување за предавање на ингеренциите за Универзална сала кои се префрлени на Министертвото за култура. Откако советниците ја изгласаа одлуката на Советот, со службите во Град Скопје, некогаш по приватен, некогаш по официјален канал се обидуваме да комуницираме. Немавме никаков одговор. Пред два дена, со службите на Министерството седнавме, се договоривме да направиме ние еден договор како би требало да изгледа и да го пратиме. Каков е тој договор за примопредавање, го направија до крајот на денот и ние им го пративме. Сабајле се јавија дека утре на некое техничко ниво ќе има состанок во Град Скопје, од Министерсвото за култура и од Секторот за урбанизам. Се надевам дека ќе има некое поместување, рече министерката.

Таа од Владата, како Министерство за култура добила задолжение да направи акциски план за Универзална, но вели, не може ништо да направи додека не ја добие документацијата.

Дури го немам вистинскиот увид, не можам да направам акциски план, да бидам искрена не можам да знам што ќе ми предадат. Во јуни добив две известувања од Институтот за земјотресно инженерство (ИЗИС) дека Универзална е во опасност и дека може може да падне. Многу долго е отворена, многу долго време е со скелиња, и ни следи време на зима и мора да се затвори. Јас неколку пати ѝ се јавував на Арсовска и апелирав. На последната заедничка прес -конференција на 28 септември, новинарите ја прашаа кога ќе ја предаде, а таа кажа дека службите ја подготвуваат документацијата, информираше Костадиновска-Стојчевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.