Пол Танге, синот на познатиот Кензо Танге кој беше идеен татко на Скопје по разорниот земјотрес кој се случи на денешен ден во 1963 година смета дека татко му сакал на Скопје да му даде нова надеж. Во интервју за Дојче Веле тој раскажува како Скопје бил прв поголем проект на татко му по Хирошима. Тој вели и дека татко му сакал да ги зачува оние 30 отсто од старото Скопје кои останале несрушени во центарот и дека токму затоа го изградил Градски ѕид – проект на вертикално живеење кој го обиколува старото јадро.

Една од познатите идеи на Танге секако беше и нереализираниот мост кој требало да го поврзува Градскиот трговски центар од неговиот излез каде што денес е „Холидеј Ин“ со новата Железничка станица во Скопје, односно сите кои ќе приситигнат во градот со воз директно пешачки да се упатат кон ГТЦ и кон плоштадот.

Господине Танге, по земјотресот во 1963 година, Обединетите нации имаа посебен фонд за конкурс, на кој победи вашиот татко Кензо Танге, една од најпознатите личности во целата приказна за обновата на Скопје. Дали Скопје, градот на солидарноста што го обедини светот во ерата на Студената војна, беше ветената земја за наградуваниот архитект од Јапонија Кензо Танге, каде што ќе може да ги помести границите на своите идеи со овој мастер план?

Ова беше првиот странски проект на татко ми. И, се разбира, ова е сеопфатен (мастер) план од големи размери. Видел дека околу 70% од градот во Скопје се уништени, но останале 30%. И наместо да ги урне тие објекти, тој мислел дека би било значајно да се зачува таа историја. Затоа го создал Градскиот ѕид, кој е вертикален простор за живеење, но всушност обиколување на она што останало во градот Скопје по уништувањето од земјотресот.

Размислувал како урбанист, урбан проектант.

Сфатил дека што е можно побргу градот мора да заживее. Тоа значи дека е важно да се создаде заедницата, бидејќи заедницата беше уништена и оттаму е идејата за создавање Градска порта, која е во центарот на градот, каде што луѓето може да работат а градскиот ѕид да го претставува стариот град и новиот вертикален жив град, кои може да коегзистираат. Притоа да се почитуваат истовремено и историската ситуација и модерноста.

Почестени сме што сме дел од историјата на Скопје во обновата од разурнувачкиот земјотрес.

Целото интервју на „Дојче веле



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.