Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски и директорот на ЈП „Градски паркинг” Бојан Христовски, денеска извршија увид на терен за започнување на изградба на нови монтажни катни паркиралишта на неколку локации, од кои една до ТЦ „Чаирчанка”, на улицата „Цветан Димов”, во Општина Чаир.

Како што соопшти Град Скопје, планирани се нови монтажни катни паркиралишта на неколку локации во Скопје, меѓу кои е и паркингот до трговскиот центар „Чаирчанка”. Станува збор за простор на кој се планира да се изгради монтажно паркиралиште за да се зголеми бројот на паркинг места во овој дел на градот.

Со изградбата и дополнително овозможување на простор за нови паркинг места ќе се решат долгогодишните проблеми со паркирањето во овој дел од градот, велат од Град Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.