Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ наместо да ги решава проблемите на граѓаните, расипнички ги троши народните пари и ги задолжува општините.
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ја задолжува една од најбогатите општини во државата за цели 5 милиони евра.
Иако пред 15 месеци наследи полна општинска каса со 3,2 милиони евра сега ја задолжи општината со предлог, во кој не е наведено дали има подготвено проекти и проектна документација.
Градоначалникот на Гази Баба не кажа ниту колкав ќе биде периодот на отплата, колкава е каматната стапка, ни дали потенцијалните купувачи можат да дојдат во спрега со инвестициските проекти.
Стефковски ги изигра и потцени граѓаните на општина Гази Баба. Тој никаде во предизборната кампања не им вети на граѓаните вакво задолжување.
Стефковски наместо за граѓаните, работи за лични и за интересите на неговиот шеф Христијан Мицкоски, Гази Баба од општина со полна буџетска каса, од општина со план за развој, благодарение на Стефковски за помалку од година и половина, стана задолжена општина, потоната во безидејност и стагнација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.