СДСМ и ДУИ покажаа целосно потценување на довербата на граѓаните. Нивните градоначалници не само што не отпочнаа некој капитален проект, тие и воопшто ништо не направија во овие сто дена, па затоа немаат никаков отчет. Впрочем затоа на прашање на јавноста што направија нивните градоначалници, во СДСМ не можеа да набројат ниту два проекти. Освен долгови и криминални тендери СДСМ не остави ништо друго, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Од друга страна градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и покрај опструкциите и катастрофалната состојба која ја наследија успеаја да почнат со реализација и да реализираат 1090 проекти од кои 166 капитални. Започнати се со проектирање, градба или реконструкција нови 33 градинки и 68 училишта. Точно 206 улици и патишта се градат или реконструираат со вкупна должина од околу 100 километри. Се инвестира во градба на 111 водоводи и канализации, 96 игралишта и паркови. Расчистени се повеќе од 200 диви депонии, велат од партијата.

Од таму додаваат дека ова е разликата и новиот пристап на работа кој го нуди ВМРО-ДПМНЕ. Со градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, општините се вистински сервис на граѓаните и ја оправдуваат нивната доверба со многу работа и посветеност. Таа посветеност и работа носат проекти, а проектите носат промени и нова подобра иднина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.