Градот Скопје заедно со градските јавни претпријатија и во координација со Oпштина Кисела Вода денеска почнаа голема пролетна работна акција на подрачјето на општина Кисела Вода. Заеднички екипи до крајот на неделата спроведуваат активности за темелно чистење на булеварите и улиците, рачно и машинско миење на улиците, собирање на кабаст отпад, санирање на оштетувања на коловозите, поставување и обновување на сообраќајната сигнализација, садење нови садници и уредување на зеленилото, санации на пријавени дефекти и проблеми од страна на граѓаните, заловување на бездомни кучиња, каде по нивен хуман третман ќе биде овозможено да бидат вдомени, целосно чистење на атмосферските и фекалните линии, како и прочистување на дождовните сливници на булеварите и градските улици.
Во рамките на оваа голема акција, ЈП „Комунална Хигиена” постави специјални садови за кабаст отпад на неколку локации, каде што граѓаните ќе можат да го остават, по што тој бесплатно ќе биде подигнат и транспортиран на соодветна локација од страна на ова градско претпријатие.
Локациите на кои од денеска до недела може да се остава кабастиот отпад се следните:
УЗ Населба Драчево – ул. “Бранко Заревски” бр.17, Парк на бранители;
УЗ Кисела Вода – ул. “Христо Татарчев” (главна улица – наспроти ЈГД „8 Март“);
УЗ Цветан Димов – ул. “Георги Димитров” (заден влез на СГУ Васил Антевски-Дрен);
УЗ Црниче – ул. “Наум Охридски” бб (пред УЗ Црниче);
Во големата пролетна работна акција во Кисела Вода на терен координирано работат екипи на градските јавни претпријатија: Паркови и зеленило, Комунална хигиена, Водовод и канализација, Улици и патишта и Лајка.
Пролетната акција во општина Кисела Вода ќе трае од 21 до 27 март, а потоа теренските екипи на Јавните претпријатија ќе продолжат со работа во наредната општина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.