Во пресрет на новата година, Дајмонд мол подготви богата новогодишна програма за посетителите од сите возрасти која ќе се реализира за време на деновите од следните три викенди и ќе содржи најразличен вид настани, бројни музички концерти и забавни активности.
Програмата почнува денеска со неколку активности за најмладите кои ќе се случуваат во „Зоната на соништата“ каде децата ќе имаат можност да го завртат тркалото на среќата и да добијат подароци, да бидат дел од едукативна тура и да учествуваат во караоке забава со пињата. Вечерните часови се резервирани за концертот на музичката ѕвезда Лозано, кој од 21 до 22 часот ќе ги испее своите најголеми хитови.
Утре најмладите ќе имаат можност да се радуваат на изведбата на нивните омилени песни од фестивалот „Поточиња“, по што ќе следува двочасовно шоу со маскоти, додека во „Зоната на соништата“ повторно ќе се организира Среќно тркало со подароци и караоке забава со пињата. Во попладневните часови, со почеток во 18:00 часот, квартетот „Авис“ ќе одржи празничен концерт.
Новогодишната програма продолжува и следниот викенд. Во саботата, на 23 декември посетителите во „Зоната на соништата“ ќе ги забавува магионичар, а ѕвездите на „Тин камп“ ќе се дружат и ќе пеат со своите обожаватели. Во неделата, на 24 декември напладне предвиден е концерт на „Златно славејче“, а од 13 часот и концерт со најдоброто од групата „ДНК“, по што следува и магионичарско шоу во популарната „Зона на соништата“.
Новогодишната програма ќе заврши на 30 декември, со новогодишна музичка претстава на „Дајте музика“ што ќе почне на пладне, како и вечерен концерт на популарното дуо Пајак и Лара, кое ја одбележа годината што изминува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.