Во недела на 31 декември, на плоштадот Македонија, не очекува интересна програма, која е поделена во дневен и вечерен дел.

Програмата за дневната забава започнува во 11 часот. Водителка на овој настан ќе биде Јана Бурческа.

Програмата почнува со сликање со Дедо Мраз и дружба со детски маскоти, а продолжува со настап на Тин Камп, Скопје Лејдис Оркестра (валцери, балет и оперски арии), а дневниот дел од програмата ќе го затворат Пауза за ракија.

Програмата за вечерниот дел започнува во 20:00 часот, а во улога на водители ќе ги видиме Лила Филиповска и Димитар Атанасовски.

Вечерта ќе ја отворат Тринити Стрингс, а следат настапите на Слаткар и Дарио, а скопјани ќе влезат во новата година со звуците на Мерак Меана и настапите на Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Блага Петреска и Душко Георгиевски.

Подолу може да ја погледнете програмата и саатниците за секој настап.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.