На кровната површина се поставени 720 панели со максимална инсталирана моќност од 396,00 Kw (киловати) за производство на електрична енергија. Нивниот приклучок се очекува наскоро, а градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека целиот процес за набавка и инсталирање на фотоволтаичната централа е од општинскиот буџет и е во висина од 7.3 милиони денари.

„Според истражувањата на пазарот, за реализирање на оваа инвестиција од општинскиот буџет првично планиравме 18 милиони денари, ама на Јавната аукција цената се симна на 7.3 милиони денари. Со поставувањето на оваа фотоволтаична централа ние очекуваме значително да се намалат вкупните трошоци за електрична енергија, што нам како локална самоуправа ќе ни овозможи да вложиме повеќе средства во одржување на високиот квалитет на услугите за образование на децата, потенцира Герасимовски.

Минатата година Општина Центар по само неколку месеци од основањето на трговското друштво за производство и продажба на „Енергија Центар“ ја постави првата фотоволтаична централа на кровот на градинката „Пепелашка“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.