Исто како и во февруари, така и сега гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје во овој момент е можеби најбезбедното место на светот, бидејќи утре ќе се празнува 120-годишнината на револуционерот, па затоа екипи на МВР уште од денеска го регулираат движењето.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека од 19.00 часот денеска (03.05.2023 – среда) и утре (04.05.2023 – четврток), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.