Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска го одбележаа Меѓународниот ден на жената-8 Март подарувајќи им по еден цвет на илјада жени од сите населби во градот Скопје.

Меѓународниот ден на жената го одбележа и в.д.директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева, којашто имаше средба со трите припаднички на понежниот пол што се ангажирани во Оперативата на Претпријатието – Мирјана Трајковска, Мерсиде Етем и Славица Змејковска.

Денешниот ден го поминав во друштво на единствените жени вработени во ЈП Комунална хигиена-Скопје коишто се задолжени за одржување на хигиената на јавните и сообраќајните површини во градот Скопје. Сметам дека токму храброста да ја одберат и достоинствено да ја извршуваат оваа професија ги прави посебни и дека заслужуваат огромна почит од страна на сите жители на нашиот град – изјави в.д.директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.