По години на силни заложби и соочување со бројни притисоци и пречки, директорката на ОУ „Коле Неделковски“, Светлана Масларевска, со поддршката на целиот наставнички кадар и родителите, вчера конечно го дочекаа почетокот на проектот за проширување на центарското училиште.
Станува збор за доградба на 4 училници, простор кој ќе овозможи образовниот процес да го следат дополнително уште 100 деца. Ова е прв ваков градежен зафат по 65 години, откако се отворени вратите за првите ученици во 1958 година.
Со доградбата се планира и ново скалишно јадро кое ќе го олесни пристапот до новата доградба, а новиот лифт ќе им обезбеди непречен пристап и на учениците со потешкотии во движењето. Пристапна рампа се планира и во приземниот дел покрај скалишниот пристап, а обезбеден е и помошен излез од задниот дел на објектот.
Проектот чини околу 580.000 евра, средства одвоени од Општината.
На поставувањто на камен-темелникот вчера присуствуваа и премиерот Димитар Ковечвски и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.