Вечерва, в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески заедно со министерот за локална самоуправа, Златко Перински, одржаа средба со жителите на Острово на која главна тема беше буџетот за 2025 година. На средбата присуствуваа голем број граѓани кои дадоа идеи и предлози за различни проекти со кои би се подобриле условите за живот во една од најстарите урбани населби во Аеродром.
👉🏻Вечерва изразив поддршка на в.д. градоначалникот @dejanmiteski и раководството на @opstina.aerodrom кое овозможува граѓаните да учествуваат во креирање на општинскиот буџет за наредната година. 👏
✅Можноста граѓаните да даваат свои предлози и мислења за распределба на средствата на локално ниво е од големо значење за идентификување на нивните реални потреби и приоритети кои директно влијаат на квалитетот на секојдневието на аеродромци.
💯Ова е пример за развој на локалната демократија и јакнење на капацитетите на транспарентност, одговорност и доверба помеѓу граѓаните и локалната власт, а во интерес на пофункционални општини и задоволни граѓани – напиша Перински во својата објава на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.