ЈСП Скопје апелира сите граѓани, корисници на јавниот превоз да се придржуваат на препораките за заштита од Ковид-19 при користење на превозот, односно да носат заштитна маска во автобус.
Посочуваат дека немаат ингеренции да забрануваат влез на патници кои при користење на превозот не носат маска, ниту имаат право да ги казнуваат.
Единствено, со одговорно однесување на секој поединец, а со оглед на тоа дека превозот секојдневно го користат илјадници граѓани, може сите да придонесеме во борбата против ширење на вирусот. Очекуваме дека нашиот апел ќе биде добронамерно прифатен и применет во интерес на колективното здравје, информираат од ЈСП Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.