Општина Бутел распиша јавен повик за доделување финансиски средства од Буџетот на Општина Бутел во висина од 3.000.000 денари.

Средствата се наменети за финансирање на програмските активности на спортските клубови кои функционираат на територијата на Општина Бутел.

-Спортските клубови кои ќе пројават интерес за доделување на финансиски средства треба да ги исполнат критериумите објавени во јавниот повик. Целосната документација која е потребна да се достави како и условите можете да ги најдете на следниот линк http://bitly.ws/CLvg, информира градоначалникот Дарко Костовски.

Општина Бутел во изминатиот период финансиски со над 2.000.000 денари директно ги поддржа спортистите, а дополнително беа доделени и финансиски средства на РК Бутел и КМФ Бутел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.