Градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски соопшти дека деновиве отпочнуваат активностите на локацијата „Островска“ во Лисиче, а граѓаните од овој дел на Аеродром после долги години добиваат нова капитална инвестиција од буџетот на општината.

Со градежните активности, на оваа локација, започнува изградбата на современ спортски терен за фудбал и кошарка, детско игралиште, поставување на павер елементи, клупи, осветлување и нови садници во целиот простор. Реализацијата на овој спортско-рекреативен комплекс кој ќе стане ново место кое ќе ги сплотува и обединува лисичани, е дел од поголема пролетна градежна офанзива која се реализира во овој дел од Аеродром. Во рамките на акцијата, во употреба е пуштено ново детско катче во градинката „Лавче“, а наскоро почнува и надградбата на основното училиште „Гоце Делчев, соопшти Муцунски.

-Ветивме дека проектите и инвестициите ќе се однесуваат на сите делови од Аеродром, а токму затоа задоволство е кога ќе се види дека овие ветувања се реализираат. Населбите кои со години важеа за заборавени добиваат содржини кои го унапредуваат урбаното живеење и секојдневието на граѓаните, потенцира првиот човек на општина Аеродром.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.