Со завршувањето на учебната 2021/2022 година изминува една година од трансформацијата од посебно основно училиште во основно училиште со ресурсен центар – период максимално искористен за учење, унапредување и подобрување на услугите во спроведивање на воспитно образовниот процес, услугата – образовна асистенција и специјализираните сервисни услуги за индивидуален третман и рехабилитација на учениците со попречености.
Организацијата на настанот е одраз на соработката со општинските основни училишта од Центар, Гази Баба, Бутел, Чаир, Шуто Оризари, Зелениково, Петровец, Илинден, Арачиново, Чучер Сандево Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричане, Куманово, Липково и со центрите за поддршка на учењето на учениците со попреченост во ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово за подрачјето на Општина Кратово, ООУ „Браќа Миладиновци“ – Куманово за подрачјето на Општина Куманово.
Настанот беше збогатен со организирана изложба од изработките од работилниците реализирани со учениците од ОУРЦ „Иднина“ – Скопје и од работилниците реализирани од страна на основните општински училишта од реонот, а во чест на патрониот празник под мотото: „Да бидеме виножито во нечиј облак“.
Во првиот дел од настанот беше презентирана улогата на ОУРЦ „Иднина“ Скопје, во процесот на образование на учениците со попреченост во учебната 2021/2022 година.
Во вториот дел беше презентирана соработката помеѓу основните општински училишта во учебната 2021/2022 година, предизвиците и искуствата од страна на стручен соработник – образовен ассистент, наставник што во своето одделение има образовна ассистенција, ученик и родител.
Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ – Скопје продолжува посветено да се развива и да работи во насока на обезбедување пристап до квалитетно образование за секое дете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.