Меморандум за соработка потпиша градоначалниот Орце Ѓорѓиевски со деканот на Архитектонскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј-Скопје, Огнен Марина. Една од првите задачи кои оваа соработка ги овозможува ќе биде вклучување на факултетот во проектoт за идејно решение за Расадник, како хуман кварт за живеење. Покрај тоа, Меморандумот опфаќа соработка на повеќе полиња од облата на урбанизмот и архитектурата, како научни и стручни истражувањa и анализа на архитектонски и урбанистички проблеми, како и давање стручни мислења при изработка на стратегии, студии, анализи, проекти, елаборати и извештаи и друга помош поддршка и услуги при изготвување, раководење и реализација на заеднички проектипосебно на полето на урбаниот развој, одржливиот развој, енергетската ефикасност на објектите, заштитата на животната средина и културното наследство. Како една од првите активности ќе биде и обука на советниците од Советот на Општина Кисела Вода од страна на професори од Архитектонскиот факултет.

Општина Кисела Вода од наредната недела започнува со заедничка работа со Архитектонскиот факултет, со Комората на властени архитекти и инженери, со Асоцијацијата на архитекти на Македонија и со неодамна оформеното Партиципативно тело од граѓани, со цел финално обликување на меѓународниот конкурс за идејно решение за ДУП за Расадник, по што истиот ќе биде објавен за домашната и за меѓународната јавност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.