Денес се навршуваат 120 години од раѓањето на Методија Андонов Ченто.
Покана за одбележување на овој голем настан до граѓаните упати градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски кој во објава на својата официјална страна на фејсбук напиша:
Запишано е дека “Држава која нема својата историја, има народ без иднина”, а Македонија има долга и богата историја која имаме должност да ја негуваме.
За таа цел Ве поканувам денес 17.08.2022 година (среда) со почеток во 18:15 часот во паркот Ченто, каде што пред точно 20 години е поставен споменикот на Методија Андонов Ченто заедно да ја оддадеме наша должна почит кон него, напиша Стефковски.
На настанот е потврдено присуството и на членови на семејството на Методија Андонов Ченто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.