Општина Аеродром отвори телефонска линија на која граѓаните, почнувајќи од денеска, ќе можат да пријавуваат проблеми со јавното осветлување. Целта на оваа линија е навремено решавање на проблемите на граѓаните кои се поврзани со уличното осветлување на територијата на Аеродром.

Пријавувањето може да се направи на телефонскиот број 072/270-886 од 07:30 до 15:30 часот, или пак во секое време по порака, на електронската адреса [email protected], со писмено барање во просториите на Јавното претпријатие, како и преку урбаните заедници на Општина Аеродром. По добивањето на пријавата службите задолжени за неговото одржување навремено ќе реагираат на терен.

Јавното претпријатие одговорно за јавното осветлување на Општина Аеродром ја следи состојбата со улично осветлување и навремено презема мерки за негово подобрување.

Исто така, службите ќе вршат редовни ноќни контроли за согледување на состојбите и отстранување на сите утврдени дефекти, со цел поголема безбедност на граѓаните, како и поголема заштеда на електрична енергија во време на енергетската криза.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.