По налог на Град Скопје екипите на ЈП „Улици и патишта“, ја обновија сообраќајната сигнализација на улицата „Јордан Мијалков“. На улицата освен што е обновена хоризонталната сигнализација, поставена е нова вертикална сигнализација, како и заштитни столпчиња на тротоарите за да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Со обновувањето на сообраќајната сигнализација и поставените столпчиња се става крај на непрописното паркирање возила на дел од улицата и се овозможува непречено движење за пешаците.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.