Оваа пролет носи инвестиции во Аеродром кои значат нови содржини на повеќе локации и за сите генерации. Во Лисиче во тек е реализацијата на неколку на неколку важни проекти, а нови паркови, детски игралишта и мини плоштади на неколку локации се дел од пролетниот инвестициски циклус кој се спроведува насекаде во општината.
Проектите наменети за дечињата ги продолжуваме со изградба на ново детско игралиште лоцирано во детската градинка „Буба Мара“, клонот „Лавче“ во Лисиче. Дечињата кои се дел од оваа детска градинка веќе имаат можност своето слободно време да го поминуваат на ново и модерно детско катче, целосно финансирано со средства од буџетот на општината Аеродром.
Наскоро започнува доградбата на основното училиште „Гоце Делчев“ во ова населено место, а инвестициите продолжуваат и со проекти за подигнување на безбедноста на сообраќајот. Во изминатиот период беа асфалтирани и реконструирани неколку сообраќајници, а следниот период на улиците во Лисиче ќе бидат поставени заштитни столпчиња и лежечки полицајци.
Нашата визија е Аеродром да биде убава и безбедна општина. Со континуирани инвестиции во секое населено место оваа визија станува реалност. Проектите носат нова хумана урбанизација за општината, а граѓаните со задоволство и радост ги прифаќаат тие проекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.