Оваа пролет општина Аеродром ја посветува на здравата и чиста животна средина, а заложбите за одржување позелена и почиста средина денес ги потврдуваме со уште една акција во населбата Лисиче, каде денес беа засадени околу 50 садници зимзелени и листопадни дрва.

Станува збор за партнерска акција која е традиционална и по четврти пат се реализира во соработка со Ротaракт клубот од Скопје. Во нејзини рамки досега се засадени над 500 садници на различни локации на територијата на општина Аеродром.

Градоначалникот Тимчо Муцунски учествуваше во денешната акција, при што нагласи дека преку овие акции, но и преку секојдневните активности општината создава зелени катчиња, кои треба се баланс на засилената градежна офанзива која се реализираше пред неговото доаѓање за градоначалник во Аеродром.

Денешниот настан ќе го збогати зеленилото во Лисиче. Општина Аеродром упатува благодарност до партнерите во денешната акција. Во оваа прилика ги покануваме граѓаните, компаниите и невладините организации да го следат денешниот пример и преку вакви слични соработки да ги продолжиме заедничките напори за создавање здрава и чиста животна средина.

Во овој период Општина Аеродром реализира неколку проекти за нови паркови и зелени површини во Аеродром, кои се дел нашата долгорочна стратегија за позелена општина со која сите ќе бидеме горди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.