Град Скопје низ програмските активности посветува големо внимание на заштитата на здравјето на населението и на унапредувањето на условите за здраво живеење и здравствена превенција. По повод 7 април, Светскиот ден на здравјето во Градскиот парк Град Скопје организираше „Фестивал на здравјето“.
На настанот учениците од медицинските струки на средните училишта на Град Скопје и нивните ментори, вршеа бесплатно мерења на нивото на шеќер во крвта и крвниот притисок на посетителите.
На повеќе штандови посетителите имаа можност да се информираат за здравиот начин на живот, да добијат здравствени совети од медицински лица, совети за здрава исхрана од нутриционисти, како и да донираат храна за лицата од ранливи категории.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.