Сите шест влезови на паркингот на спортската сала „Борис Трајковски“ вечерва се затворени од полицијата откако денеска имаше дојави за поставени бомби во салата во која утре СДСМ треба да одржи трибина.

Објектот е под целосна полициска опсада, најверојатно поради безбедносна проценка на МВР, а со цел, ако утре има дојава, да не мора присутните да се вадат надвор од трибината, објави порталот А1он, кој објави и видеа и сведоиштва од граѓани кои сакале денеска да ја користат салата, а не смееле.

Дојави за бомби има веќе два месеци и се главно се насочени кон училиштата. Деца се трауматизираат и се евакуираат секој ден, но досега не се случило МВР да обезбедува објект а да не се засегнати политичари.


Повеќе ТУКА



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.