Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Илинден одговарајќи на новинарско прашање за договорот за пречистителна станица поради кој градоначалничката на Град Скоје, Данела Арсовска го разреши директорот на ЈП „Водовод и канализација“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, па истата Арсовска пред некој ден се пофали со потпишувањето на истиот тој грант, истакна дека позитивното во целата работа е тоа што конечно уште едно растурање пердуви се разбиструва па граѓаните можат да видат какви луѓе, за жал, се на многу значајни позиции.
„Јас тоа го зборував и тогаш, а и денеска истото можам да го повторам дека договорот кој што и тогаш и денеска се потпишува е истиот, нити точка, ниту запирка е сменето.

Тогаш Арсовска реши да коалицира со ДУИ и со СДСМ и да продолжи така да функционира. И во ред со среќа нека е. Никогаш во животот ни една работа не е вечна, па ни таа, но добро е што конечно уште едно растурање на пердуви, уште една магла се разбиструва и граѓаните можат да видат, за жал, и ние како ВМРО-ДПМНЕ имавме доверба во одреден период, какви луѓе се на многу значајни места кои што треба да се занимаваат само за интересот на граѓаните, во случајот на скопјани, но за жал таа се занимава за нешто кое што нема никаква врска со јавниот интерес на скопјани“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека градоначалничката Арсовска и СДСМ и должат едно големо извинување за навредите и за скапите билборди со лаги и клевети, платени со народни пари во екот на најголемата финансиска и енергетска.

„Понекогаш човек и се срами за тоа што го гледа. Јас навистина се чувствувам засрамено што воопшто имав можност во животот да запознам една таква личност и во овој момент можам само да кажам дека и таа и СДСМ им должат на скопјани едно големо извинување. Најпрвин поради навредите упатени кон мене, кон ВМРО-ДПМНЕ, кон советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кон луѓето кои што работеа таа да биде градоначалник, а СДСМ треба да се извини што во екот на најголемата би рекол финансиска и енергетска криза трошеа народни пари за билборди за да лажат, да ме клеветат и да навредуваат, но вистината порано или подоцна излегува на виделина, така е и во овој случај ќе видите понатаму, допрва ќе бидете подготвени за многу изненадувања непријатни за нив, а за среќа на скопјани сепак ќе дојде до една реализација на еден капитален проект којшто многу значи за скопјани“, потенцираше Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.