Ми претставува чест и задоволство што денеска градоначалникот на општина Петровец Борче ме покани да бидам дел од овој посебен настан бидејќи денеска општина Петровец добива нова општинска современа зграда, која што е одговор на потребите на граѓаните од Петровец каде што ќе можат да добијат европски услуги, брзо и квалитетно,истакна лидерот Мицкоски.
Она кое што е важно а кое што го кажа градоначалникот е дека овој проект е со поддршка на советниците, општинската администрација, секако не помала е улогата тука на пратеникот кој што доаѓа од Петровец. Јас им честитам, општина Петровец ова го направи од сопствени средства, без ниту еден денар долг и покрај овој европски проект, успеа да реализираат Борче и администрацијата во општина Петровец, советниците кои што ги поддржуваат тие проекти многу проекти.
Самиот градоначалник кажа реконструкција на училиште, асфалтирање на патишта, водоводи, канализации, градинки итн. Навистина еден импозантен корпус на проекти, а јас сум убеден дека така ќе продолжи градоначалникот и понатаму. И ја користам оваа прилика уште еднаш да му честитам и да му посакам уште многу вакви нови објекти, уште многу проекти да реализира за доброто на граѓаните овде во општина Петровец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.