Нова градинка во Ѓорче Петров !

Ново основно училиште во Гази Баба !

Нова градинка во Бутел !

Со задоволство може да кажеме дека дел од нашите амандмани што ги поднесовме како пратеници се прифатени во новиот буџет за 2024 година.
Веднаш на стартот на следната година може да се започне со изградба на повеќе капитални проекти што ќе бидат на располагање на сите граѓани.
Како пратеник но и како носител на изборната единица 2, драго ми е што обезбедивме средства во висина од преку 225.000.000 милиони денари само во нашата изборна единица.
Следната година доаѓа нова влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ, каде што ќе има уште повеќе проекти низ целата држава.

Кога се сака се се може, бидејќи народот заслужува повеќе проекти и подобар живот.

Аирлија !! , напиша на својот фејсбук профил Владо Мисајловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.