Реконструкцијата на Универзална сала заглави во државните лавиринти. Иако Град Скопје изгласа надлежностите да му ги додели на Министерството за култура, од таму велат дека процесот заглавил во канцеларијата на градоначалничката Арсовска, бидејќи не ставила потпис за префрлање на ингеренциите околу обновата на салата.
Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска вели дека повеќе од два месеци бараат од градските власти да ја убрзаат постапката за да може правото на реконструкција на универзалната сала да биде пренесено на министерството.
Министерството за култура сè уште чека на потпис од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за да може и формално да ја преземе надлежноста за реконструкција на Универзалната сала и да почне со активностите, согласно одлуката што Советот на Градот ја донесе пред околу два и пол месеци.
Универзална сала сè уште е на Град Скопје затоа што по изгласувањето на одлуката на Советот на Град Скопје, пред околу два и пол месеци, таа сè уште не е формално потпишана од градоначалничката Данела Арсовска. Тоа значи дека Универзална сала е сè уште под надлежност на Град Скопје“, рече Костадиновска-Стојчевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.