Утре започнува изградбата на Мега паркот во општина Чаир, којшто ќе има површина од 30.000 метри квадратни.

Изградбата на паркот ја најавија денеска на прес-конференција градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу, придружувани од директорот на ЈП „Улици и патишта“ Саид Саиди и на Паркови и зеленило – Скопје Зухејр Реџепи, заедно со пратениците Изет Меџити и Мерита Коџаџику.

Тие информираа дека во овој парк ќе има 500 нови дрвја и садници, нова хидрантска мрежа и цветни градини.

Во паркот се предвидени два нови спортски терени, две детски игралишта, два парка за домашни миленици, едно игралиште за фитнес, 26 нови летниковци, нова урбана опрема, пешачки патеки и фонтани.

Изградбата на Мега-паркот во општина Чаири е производ на меѓуопштинска соработка меѓу општина Чаир и Град Скопје.

Мега Паркот се наоѓа на улицата „Македонско-Косовска Бригада “, во населбата Топанско Поле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.