Скопската општина Кисела Вода е дел од акцијата за пошумување „Засади со љубов, за Кисела Вода“.

Настанот ќе се одвива денеска, петок, 25 ноември, со почеток во 10 часот на 6 локации.

Една од нив е новиот парк Иднина (на кружниот тек меѓу Припор и Кисела Вода), каде градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ќе даде изјава за медиумите.

Учество ќе земат и многу познати естрадни лица, претставници на дипломатскиот кор, спортисти, како и сите граѓани кои сакаат да засадат дрвца и да ја поддржат идејата за зелена Кисела Вода, информираат од општината.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.