По повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје ЈУ Детскиот културен центар „Карпош“ традиционално ја организира манифестацијата „Го градам мојот град“.

Како што соопштуваат од центарот, оваа година, манифестацијата ќе се одржи од 10 до 11 часот во просториите на центарот.

Манифестацијата има за цел да ги истакне детските творечки способности и креативност, како и да ги запознае децата со значењето на 13 Ноември.

Децата од предучилишните установи од Скопје ќе учествуваат со изработка на макети од различни природни и други материјали, претставувајќи значајни обележја на Скопје. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.