Во Општина Илинден се одржа крводарителска акција која се реализира во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина, во просториите на Домот на култура „Илинден”. Акцијата ја посети и градоначалникот на општината, Александар Георгиевски, кој и самиот даруваше крв.
Градоначалникот Георгиевски апелираше сите граѓани кои имаат можност да дадат крв затоа што на тој начин, како што посочи, се спасува нечиј живот.
Како што информираат од општината, на акцијата која почна во 10 часот собрани се 40 крвни единици, ќе бидат предадени на Институтот за трансфузиона медицина и ќе ја добијат оние кои имаат најмногу потреба од неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.