Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои одлуката со која конечно ќе се реализира и отпочне со изградба забавниот парк. Град Скопје наскоро ќе започне со уредувањето на новиот Луна парк за што во прва фаза ќе бидат монтирани првите реквизити со цел паркот да биде функционален за граѓаните.

Финансиските средства за проектирање, изградба, набавка на опрема и реквизити и нивно монтирање се обезбедени од Буџетот на Град Скопје за 2022 година, додека следната фаза ќе биде реализирана со буџетот од 2023 и 2024 година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.