ЈП Комунална хигиена–Скопје во текот на денешниот ден реализираше еко-предавање за учениците од скопската гимназија „Јосип Броз-Тито”.
На еко-предавањето присуствуваа триесетина ученици, коишто имаа можност да се запознаат со активностите на Претпријатието и да се едуцираат како правилно и совесно да постапуваат со комуналниот отпад, на кој начин се врши неговата примарна селекција и како се одвива процесот на рециклирање. Беше спроведена и акција за чистење на отпадот од внатрешните простории и дворот, во којашто земаа учество и учениците и професорите од училиштето.
Во текот на 2022 година, ЈП Комунална хигиена–Скопје организираше еко-предавања и работилници во триесетина основни училишта и предучилишни установи во сите скопски општини. Годинава планираме едукативните активности да ги продолжиме и во скопските средни училишта. Примарна цел на овие предавања е развивањето еколошка свест кај младите за нивната улога во одржувањето на здрава и чиста животна околина, изјави в.д. директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.