Коалицијата СДС – Левица – ДУИ функционира. На Арсовска и изгласаа програми, а на Јакимовски во Карпош урбанистички планови.Во еден ден и во Советот на град Скопје и во Советот на општина Карпош излезе на површина коалицијата за дупови и тендери СДС – ДУИ – Левица.Бизнисите на ДУИ и СДС изгласани со Левица, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа коалиција водена од бизнис интереси денес на Арсовска и изгласа програми за инвестиции, програма за ЈП Дрисла, програма за животна средина, програма за ЈП Водовод, програма за дополнителни активности на ЈП Комунална хигиена, тоа се нови тендери, па се прашуваме дали повторно на истите ќе се јавува само по една фирма која случајно ќе биде блиска до владината коалиција?
Во Карпош истата коалиција СДС – ДУИ – Левица изгласа ДУП во кој се вцртани 8 згради за А2 домување, но притоа не се предвидуваат јавни објекти – училиште и градинка за најмалите граѓани кои сега живеат на овој потег, а одат во градинка и на училиште во Бардовци или пак во Влае.
Коалицијата СДС – ДУИ – Левица на локално ниво значи тендери, бетонизација, и ставање на интересите на поедини моќници над интересот на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.