Како дел од културната понуда во рамки на кандидатурата за Скопје – Европска престолнина на културата, вечер (20.00), кај езерцето во првиот дел од Градскиот парк, ќе се одржи филмска вечер на отворено со проекција на хитот „Панкот не е мртов”, најави службата за информирање на Град Скопје.
Филмот е во режија на Владимир Блажевски. Во него станува збор за остарен панкер кој се бори за секојдневниот живот во Скопје. Во раните 1990 години се распаднала неговата рок-група, која тогаш имала култен статус. Еден ден, Мирса добива понуда, заедно со неговата стара група, да свири на една прослава во Дебар. Тој се согласува и тргнува во потрага по останатите членови на групата, а во тоа му помага неговата поранешна девојка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.