По дојава на граѓаните на 112 и активната иницијатива во Центарот за управување со кризи почна решавање на навидум мали работи, а всушност големи за сообраќајната безбедност на граѓаните во конкретна урбана средина.
– Конкретно, по алармирањето на граѓаните на 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) за опасност по пешаци и велосипедисти заради малата широчина на средишниот пешачки остров, на крстосницата на булевар „Србија“, бул. „Ј. Сандански“ и „Видео Смилевски – Бато“ во Општина Аеродром, по барање на ЦУК, Град Скопје ја зпочна процедурата за решавање на случај преку нивниот Сектор за сообраќај, информираат од ЦУК.
Практично, по дојавата за опасност во ЦУК, пролета минатата година, беше извршена анализа и процена, а потоа беше спроведена и иницијативата на ЦУК за отстранување на опасноста по граѓаните по административен пат до Град Скопје, а во рамки на транспарентноста, пошироката заедница беше известена и алармирана и преку медиумите, коишто постојано ја зголемуваат јавната свест за вакви и слични потенцијални опасности што бараат системски решенија, а се навидум мали работи во „големата слика“ на пошироката урбана средина.
– Во известувањето од Градот на крајот од јануари годинава, добиено во ЦУК по последната ургенција, се вели дека внимателно било разгледано барањето од ЦУК и почнале да се превземаат активности за имлементација на проектната документација, при што, следувало изработка на техничка документација согласно законите како што се Урбанистичкиот проект со којшто се дефинираат потребните градежни работи. Потоа, по добивањето на Потврда на заверка, врз основа на истиот, следувало изработка на Основен сообраќаен проект за изменување и дополнување на режимот на сообраќајот за што било потребно да се добие согласност од СВР Скопје, при што Градот издавал Решение. Редоследот потоа налагал да се најави во Годишниот градски план за јавни набавки, по што следувале постапки за доделување на договор за јавна набавка за изработка на Урбанистичкиот и Основниот сообраќаен проект. Преземените постапки и активности зависеле една од друга, а по нивното завршување се поминувало на имплементација на техничката документација на терен, што, напоменуваат од Градот дека за запазување на целата процедура бил потребен подолг временски период, велат од ЦУК.
ЦУК го следи случајот од моментот на пријавување опасност на 112 од страна на граѓаните, па се до отстранувањето на опасноста по безбедноста. Тоа е континуирана работа во низата такви активности во ЦУК во рамки на постојаната активна интеракција со граѓаните едноставно именувана како „Пријави опасност“. Работата и активностите се остваруваат и согласно транспарентноста кон медиумите, коишто во општеството преку нивните медиумски објави постојано ја зголемуваат и ја мобилизираат јавната свест за ваквите и слични потенцијални опасности, навидум мали работи, што бараат системски решенија за запазување на безбедноста на граѓаните со превентивни конкретни чекори и реализација на терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.