Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза Скопје, заедно со професионалните здруженија: Македонското Лекарско Друштво, Здружението на Пневмофтизиолози и Македонското Педијатриско Здружение се вклучија кон овогодинешните активности на Stop TB Partnership, која претставува интернационална иницијатива и партнерство под закрилата на Обединетите Нации, со седиште во Женева, Швајцарија, во врска со одбележување на Светскиот ден за борба против туберкулозата (ТБ) на 24 март 2023 година.

Секоја година, на 24 март, го одбележуваме денот во 1882 година кога д-р Роберт Кох го објавил откривањето на бацилот на туберклозата. Светскиот ден на туберкулозата е повод да се мобилизира политичката и социјалната посветеност за понатамошен напредок кон елиминирање на ТБ како товар на јавното здравје.

2023 година ќе биде битна за сите нас вклучени во борбата против туберкулозата и истата претставува „година на надежта“ за да добиеме целосна поддршка, внимание и енергија за колективното „ДА! Можеме да ставиме крај на туберкулозата”. Ова овогодинешно мото за денот на борбта против туберулозата треба да го привлече вниманието кон оваа глобална закана со цел да ја впрегнеме нашата колективна моќ за да ставиме крај на туберкулозата до 203 година и затоа да ги достигнеме целите за одржлив развој.

Благодариме на Градот Скопје што ни дозволи да се приклучиме на ова глобалното движење и да го осветлиме Камениот Мост како една од најзначајните знаменитости на градот, во ЦРВЕНО токму на овој ден, 24 март 2023 година, за да го привлечеме вниманието кон битноста за борбата против туберкулозата.

Партнерството Стоп за ТБ ја започна кампањата „Осветли за Туберкулозата“ за прв пат во 2017 година, при што во претходните кампањи привлекувме широко учество со над 60 градови ширум светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.