Во текот на денешниот ден, надворешен сторител ја искрши стаклената кошаркарска плоча, на новопоставениот кош на реновираното игралиште во нашиот училиштен двор, соопштија од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром.

Сторителот е јасно видлив на снимките од училиштниот видео надзор, затоа јавно го замолуваме да ја надомести штетата, во спротивно органите на прогонот по службена должност ќе го најдат.
Со ваквите постапки им наштетуваме на нашите деца, внуци, ученици, да не заборавиме сето ова беше направено за нивно подобро утре, вреди да го чуваме, велат од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.