Општина Центар ќе дозволи изградба на втора висококатница кај Холидеј Ин, Карпош ги блокира спортските сали за клубовите и децата, затоа што во Советот го блокираат од градење на висококатница, пишува на својот фејсбук профил Ивор Мицковски.

Тоа што е индикативно и за двата случаи е што владејачката партија стои и зад двата обиди да се силува јавниот интерес и простор, иако дојдоа на власт со ветувања дека ќе запре дивиот урбанизам и урбанистичката мафија.
Само се здружија со тие што наводно ќе одговараа.
Напротив, во нивно време повеќе се гради и повеќе дозволи се издаваат, се прави невиден криминал и се дигаат дивоградби насекаде.
Граѓаните беа предадени од оние кои ги направија власт, а за возврат добија уште поголемо насилие и самоволие, комплетно губење на критичкиот глас и на моќта нешто да се промени.
Измама на векот ѝ се случи на цела држава.
Но, вака слабокрвен, апатичен и корумпиран народ не ни заслужува ништо подобро.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.