Денеска сме тука пред Поликлиника Сарај да ја изразиме нашата загриженост за нередовното функционирање на оваа здравствена установа која е многу важна за жителите на нашата општина, изјави денеска на прес-конференција на градоначалникот на Општина Сарај, Илас Весели.
По многуте вербални и писмени поплаки што стигнаа од нас како локална власт, најдовме за потребно јавно да се обратиме до Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје – Скопје и до јавноста за нефункционирањето на Поликлиниката во Сарај.
По десет месеци од свечното отворање и пуштање во употреба на Поликлиниката во Сарај, истата се уште не успеала да функционира како што беше планирано, да биде во целосна служба на жителите на нашата општина, вели градоначалникот на Сарај.
Во јануари годинава во Општина Сарај беше отворена Поликлиниката од страна на тогашниот премиер Димитар Ковачевски, тогашниот прв вицепремиер Артан Груби и министерот за здравство Фатмир Меџити во минатата влада.
Во рамките на поликликата е предвидено да функционираат следните одделенија – дневна амбуланта, стоматологија, педијатрија, лабораторија, ренген соба и аптека. Во моментов дел од одделенијата функционираат делумно, а дел воопшто не функционираат како педијатрија и фармација.
Жителите на Сарај се уште не успеваат да ги добијат соодветните здравствени услуги од оваа поликлиника и се принудени да одат уште подалеку во другите општини, за да ја добијат потребната здравствена помош.
Оваа непријатна ситуација предизвикува забуна кај жителите на Сарај. Во насока на тоа дали работи или не оваа здравствена установа, која тие долго време чекаа да се изгради и да ги исполни нивните потреби.
Затоа, ја користиме можноста јавно да се обратиме до Министерството за здравство и до Арбен Таравари како министер одговорен за оваа институција со неколку прашања во врска со ова прашање: Зошто граѓаните на Сарај не можат да добијат целосно здравствени услуги, и оваа институција не работи со полн распоред и капацитет? Зошто и тие мали услуги што ги дава поликлиниката главно ги вршат медицинските сестри, а не лекарите кои се вработени? Зошто лекарите кои се вработени во оваа установа не доаѓаат редовно на работа и се појавуваат само по потреба, иако треба да бидат присутни со полно работно време и секој ден? Зошто поликлиниката работи само со закажување, а не со полно работно време како што е планирано да работи? Зошто вработените во поликлиниката ги враќаат назад и не им даваат услуги на граѓаните кои се обраќаат во оваа здравствена установа? Зошто не работат педијатриското и фармацевтското одделение и ноќната дежурна смена? Зошто не се продолжи со дополнително опремување, со кадар и опрема за оваа здравствена установа?
Ние како локална власт која континуирано која континуирано се залага за доброто на нејзините жители и кои придонеле за изградба и формирање на оваа здравствена установа, апелираме до Министерството за здравство и до Арбен Таравари итно да преземат мерки и да овозможат целосно и редовно функционирање на Поликлиниката во Сарај. Вие го водите ова министерство и како дел од актуелната влада не можете да најдете причина да не дејствувате. Но, напротив, време е да ги исполните вашите обврски и да овозможите целосно функционирање на оваа здравствена установа која е од витално значење за над 44.000 жители на Сарај, заврши градоначалникот на Сарај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.